Skip to main content
Македонија

Изгалсан Законот за прекршоци – „Безбеден град“ почнува на 1 февруари

23/01/2026  14:38

Со 81 глас ЗА Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоците.

Со тоа обезбедени се сите механизми за непречено функционирање на системот „Безбеден град“.

Покрај гласовите од владејачкото мнозинство, за Законот гласаа и пратениците на Левица со што се обезбеди потребно двотретинско мнозинство.

Против овие измени на Законот беа пратениците од редовите на ДУИ и на СДСМ.

„Безбеден град“ ќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово и ќе казнува за четири различни прекршоци: Минување на црвено, возење со брзина над дозволената, неправилно паркирање и застанување и истечена регистрација.