Skip to main content
Спорт

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија

20/01/2026  18:50

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1-1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона.

Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута.

За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот пораз од Јаблонец од Чешка со 6-2.

Следниот натпревар на Вардар е закажан за 23 јануари против полски Мотор Лубин.