Skip to main content
Музика

Лозано стана татко: Му се роди син!

21/10/2024  10:44

Популарниот македонски пејач, еден од нашите најдобри машки вокали момемтално на сцената, Влатко Лозаноски, познат како Лозано, стана татко. Тој и неговата партнерка добија син, кому му го дадоа името Марко.

Фановите веројатно ќе бидат шокирани од оваа вест затоа што Лозано успешно ја сокри до сега веста дека чека дете, а и боопшто многу малку открива од својот приватен живот. Пред некое време во едно интервју кратко спомна само дека има партнерка.

Лозано неодамна ја промовираше својата нова песна со наслов „Жолто црвено“, која, како што самиот вели, е инспирирана од вистинска животна приказна.

Лозано ретко зборува за своите љубовни односи, особено откако ја раскина свршувачката со манекенката Савка Грачанин. Последен пат за својот љубовен живот јавно зборуваше пред четири години, во емисијата „Живот со стил“, каде што откри дека останале пријатели со Савка и дека сѐ уште комуницираат.