
На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов” во Скопје, патничко возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) удрило во 48- годишната Р.Д., двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

