
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на ИО
Видовме 24 часовен молк на премиерот Мицкоски којшто го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да го видиме, денеска го очекуваме да се појави.
Тоа не е случајно, требаше да даде одговор за тоа зошто САД не стави на листа.
Ако некој може да даде одговор тоа е сигурно другарот од периметарот, нашиот премиер којшто не убедува 2 години колку блиски пријатели се.
Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата партија, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски.
Се случи уште една грешка, уште еден трагикомичен настап на политичар којшто многу зборува а ништо не кажува, персонификација на денешната киндер дипломатија.
Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски, кој заврши на црната листа, Мицкоски за жал ја стави целата држава на црната листа.
Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување.
САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред.
Толку од периметарот на Мицкоски, митот кој се обидуваше да го создаде пропадна.
Неговите „одлични, специјални односи” со САД се толку добри што завршивме во периметарот на Сомалија и како “трет свет”.
Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски кои водат кон затворање, кон изолација на земјата.
Тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.
Недостигот од економска перспектива за луѓето ги тера младите да заминуваат, да се иселуваат затоа што не гледаат иднина дома.
САД испраќаат порака дека:
– не се задоволни од капацитетот на државата.
– постои недоверба во институциите (безбедност, документација),
– очекуваат реформи кои не се спроведуваат.
СДСМ подолго време укажува дека политиките на изолација на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во ЕУ.
Надворешната политика на владата се сведува на активностите на најблискиот соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ со ноќните волци блиски до Путин.
Овие денови гласни се дипломати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, така наречени експерти и помали сателит-партии кои ги напаѓаат Соеднитети држави па дури тврдат и дека немаме стратешко партнерство.
Парлалено власта спроведува и активна анти ЕУ кампања.
Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, затворени прашања повторно се отвораат, за да се оправда изолацијата а да не се дојде до решенија.
Во таа смисла, мерката на САД е дипломатски сигнал, политички аларм и индикатор за тоа каде реално се наоѓа државата на меѓународната мапа.
Ова се први чекори што ги гледаме, САД носат и Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.
СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД.
