Skip to main content
Македонија

Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци за 2026 година

16/01/2026  09:39


Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 дозволи за ангажман на странска работна сила.

Најголемиот дел од квотата, односно 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување на странски државјани. Дополнително, 200 дозволи ќе бидат издадени за упатени странци, додека 50 се предвидени за сезонски ангажмани.

Според структурата на квотата, 4.500 дозволи се однесуваат на нови вработувања, а 5.250 на продолжување на дозволите за странци кои веќе работат во државата.

Од Министерството за економија и труд информираат дека континуирано ќе се следи искористувањето на квотата, како и состојбите на пазарот на труд, со цел навремено да се реагира согласно потребите на економијата.

Одлуката стапува на сила од денес, 16 јануари 2026 година.