
САД го предупредија Иран дека ќе се соочи со „тешки последици“ доколку продолжи бранот убиства и егзекуции во земјата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
– Претседателот и неговиот тим јасно му порачаа на иранскиот режим дека, доколку убиствата продолжат, ќе следат тешки последици, рече Ливит.
Според неа, до претседателот на САД, Доналд Трамп, од Иран била пренесена порака дека „убиствата и егзекуциите ќе престанат“. Таа додаде и дека, според информациите со кои располага Белата куќа, 800 егзекуции во Иран, планирани за вчера, во меѓувреме се запрени.
– Ќе го провериме тоа и ќе му овозможиме на претседателот и на неговиот тим за национална безбедност да ја прегледаат таа снимка за да се утврди нејзината веродостојност, додаде таа.
Иран досега не се огласи официјално ниту за американските предупредувања, ниту за наводите поврзани со телевизискиот прилог. Белата куќа не изнесе дополнителни детали за можните мерки што Вашингтон би можел да ги преземе доколку, според американската процена, насилството во Иран продолжи.
