Skip to main content
Магазин

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

15/01/2026  18:32

Со промената на астролошките влијанија во 2026 година, љубовната сцена ќе биде особено поволна за пет хороскопски знаци. Според нов астролошки извештај, токму тие имаат најголема веројатност да доживеат силна и значајна љубов, а прецизно се издвоени и периодите кога шансите се најголеми. Анализата, објавена од Tarotto, покажува дека во текот на годината доминантно влијание врз љубовниот живот ќе имаат Венера, Марс и Јупитер планетите кои симболизираат љубов, страст и среќа. Истражувањето ги следи нивните движења низ астролошките куќи поврзани со романса, партнерства и интимност, со цел да се утврдат најповолните моменти за нови врски.

Овен

Овните се меѓу знаците кои во 2026 година имаат силен потенцијал за длабока емоционална врска. Венера ќе помине значителен период во нивните 5-та, 7-та и 8-та куќа вкупно 131 ден области тесно поврзани со романса и партнерство. Иако љубовната среќа ќе ги следи речиси половина година, најповолен период за нова љубов се издвојува летото, поточно од 14 јуни до 9 јули.

Јарец

За Јарците, 2026 година носи силна поддршка од Јупитер, кој ќе се наоѓа во нивната 7-ма куќа на партнерства во првата половина од годината. Оваа позиција носи нови познанства и позитивни љубовни околности, кои ќе траат дури 276 дена. Според анализата објавена од Your Tango, најдобро време за започнување љубовна приказна е уште на самиот почеток на годината, од 1 до 17 јануари.

Риби

Рибите во 2026 година ќе имаат силна поддршка од Венера, која ќе престојува во нивните љубовни куќи 109 дена, отворајќи простор за искрени чувства и поврзување. Дополнително, Јупитер ќе донесе доза на среќа во нивниот љубовен живот во период од 111 дена. Според извештајот, врвот на романтичната енергија кај Рибите се очекува од 3 до 6 март.

Водолија

Астролошките движења во 2026 година ѝ одат во прилог и на Водолијата. Јупитер ќе биде присутен во нивните љубовни куќи 165 дена, што значи дека речиси половина од годината ќе биде поволна за нови врски или продлабочување на постојните. Важна улога ќе има и Марс, кој 138 дена ќе влијае врз страста и динамиката во љубовниот живот. Најдобриот период за љубов се издвојува од 24 јануари до 10 февруари.

Стрелец

Кај Стрелците, 2026 година ќе биде обележана со силна хемија и страст, благодарение на Марс кој 131 ден ќе помине низ нивните 5-та, 7-та и 8-та куќа. Иако љубовната енергија ќе биде присутна во текот на годината, најповолниот период за романтични иницијативи е напролет, од 7 до 30 март.