
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, преку Фејсбук соопшти дека по доволно поминато време и по донесена лична одлука, го одмрзнува своето членство во СДСМ.
Костадинов јасно нагласува дека останува зад сите свои претходни ставови и позиции по однос на прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.
„Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“, напиша Костадинов.
Тој додава дека единството во партијата бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во името на секој социјалдемократ.
