
Во изјава за медиуми по лидерската средба лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека таа поминала во конструктивен дух, и најави скорешна средба со премиерот Христијан Мицкоски.
„За останатите прашања кои јас имав план да ги покренам на денешната средба се одлучи дополнително да се договориме со господинот Мицкоски да се сретнеме во иднина“ рече Ахмети.
Во однос на техничката влада Ахемти рече дека за нејзино укинување треба да се побара став и од амбасадата на САД која според него, била ко-автор на Пржинскиот договор од каде произлезе техничката влада.
