
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк.
– Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставуваат нова урбана опрема и современо осветление, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува.
Скопје го правиме заедно. По скопски!, наведува Ѓорѓиевски.
