
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови ќе дува умерен западен ветер, информира УХМР. Минималните температури ќе се движат од -12 до -3, а максималните ќе достигнат од 0 до 7 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со слаб ветер од променлив правец, минимална температура до -9, а максимална до 3 степени. До крајот на седмицата ќе остане стабилно и суво време, со услови за појава на магла по котлините од среда, додека температурите ќе бидат во благ пораст.

