Skip to main content
Македонија

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

11/01/2026  21:56

Аријан Ибраим, кој беше единствен кандидат на денешните реизбори, е повторно избран за градоначалник на општина Центар Жупа.

На постизборните прослави присуствуваше и претседателот на ТДП, Зулфикар Зејнулах, кој истакна дека вечерва е заокружена победата остварена пред три месеци во Центар Жупа, кое го нарече упориште на партијата. Тој им се заблагодари на граѓаните и изрази желба оваа победа да донесе напредок за општината.

Во своето обраќање, Аријан Ибраим им се заблагодари на граѓаните кои му ја дадоа довербата по четврти пат, а порака упати и до оние кои не излегоа на гласање, повикувајќи на заедништво и работа во интерес на сите жители на Центар Жупа.