Skip to main content
Свет

Едно лице се обидело да упадне во домот на американскиот потпретседател

05/01/2026  18:54

Едно лице се обидело да упадне во домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Биле искршени прозорците од куќата.

Властите спроведуваат истрага за случајот, а едно лице е приведено.

„Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Тој појасни дека во моментот на нападот семејството веќе било вратено во Вашингтон и упати апел до медиумите да не објавуваат фотографии од неговиот дом на кои се гледаат оштетувањата.