Skip to main content
Македонија

Јужно воздушно струење во Македонија ни носи натпросечно топло време

04/01/2026  15:23

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почетокот на новата седмица ќе ја почнеме со многу променливо и натпросечно топло и ветровито време со повремено засилен ветер од јужен правец. Деновите понеделник и вторник (5  и 6 Јануари) ќе ни донесат повремени локални врнежи од дожд а врнежи од дожд ќе има  и на планинските места  и тоа поради јужното воздушно струење кое условува да имаме високи температури на воздухот за овој период од годината.

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас односно некаде над Италија  и истата условува да имаме вакво променливо и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и ветровито време со повремено засилен ветер од јужен правец.

И во Скопје во погоре споменатиот период ќе имаме повремн локален дожд и повремено засилен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени а локално тие би можеле да надминат дури и 15 степени.