Skip to main content
Магазин

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

01/01/2026  10:30

Пробајте некои од овие предлози кои, според народните верувања, можат да ви помогнат да бидете посреќни во новата година, да имате повеќе пари и повеќе убави моменти. Во светот постојат различни практики и навики кои луѓето ги почитуваат со надеж дека ќе им донесат среќа, здравје и благосостојба во годината што доаѓа.

Доколку и вие спаѓате во оваа група, можете да испробате некои од следните верувања, кои, барем симболично, ветуваат подобар почеток.

Се верува дека на 1 јануари не треба да се плаче. Солзите на првиот ден од новата година, според верувањата, можат да го одредат „тонот“ за следните 12 месеци и да привлечат повеќе тага и разочарувања.

Иако за многумина е вистински предизвик, ранoто станување на 1 јануари во некои култури се смета за добар знак. Полјаците, на пример, веруваат дека ако станете рано на првиот ден од годината, полесно ќе се будите и ќе бидете поажурни во текот на целата година.

Едно од најпознатите новогодишни верувања е бакнежот на полноќ. Се смета дека ако на 31 декември на полноќ бакнете некој што го сакате, љубовта ќе ве следи и во наредната година. Доколку немате партнер, верувањето вели дека е доволно да бакнете некој близок – пријател, член од семејството или личност која ви значи, бидејќи најважно е новата година да започне со љубов и блискост.