Skip to main content
Македонија

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

26/12/2025  20:36

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потенцираше потребата од функционален систем во државата, нагласувајќи дека лидерскиот модел создава сериозни проблеми за демократијата и институциите.

„Сакам да знаат младите дека подршката за СДСМ и за опозиција значи етаблирање систем кај нас. Систем. И јас лично, и СДСМ сака тука да има систем. Ние не сакаме да има лидер, еден. Не. Сакам да има систем.„ рече Филипче.

Тој потенцираше дека во времето на СДСМ многу работи се направија за младите.

Ние многу сме направиле за младите. Од седумте години власт. Еден пример. За првпат беа платени младите специјализанти. Никој не ги примаше на состанок, а сега, дежурствата им се платени. Беа примени на работа. Без никаква дискриминација.“

Филипче нагласи дека ова покажува вистинска грижа за функционален систем, за разлика од лидерскиот модел, кој го ограничува прогресот.