Skip to main content
Свет

Зеленски наскоро ќе се сретне со Трамп

26/12/2025  15:46

Украинскиот претседател, Зеленски најави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови.

– Се договоривме за средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина, напиша Зеленски на X.

Тој рече дека ова се случило откако Рустем Умеров, главниот украински преговарач во мировните преговори за ставање крај на војната што Русија ја почна пред речиси четири години, извести за своите најнови контакти со американската страна.

– Многу работи може да се одлучат пред Нова Година, напиша Зеленски.