Skip to main content
Балкан

Косово гласа во недела: Вонредни парламентарни избори во услови на поделено општество

26/12/2025  14:57

Во недела, во Косово ќе се одржат вонредни парламентарни избори во атмосфера на изразени политички и општествени поделби, кои ја обележаа кампањата и јавниот дискурс во изминатиот период. Изборниот процес се одвива во услови на зголемени тензии, но и силен интерес на јавноста за насоката во која ќе се движи земјата во наредниот период.

Според оценките на западните медиуми, главни фаворити за освојување на најмногу гласови и за позицијата премиер на Косово се актуелниот вршител на должноста премиер и лидер на движењето Самоопределување (Ветевендосје), Албин Курти, лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и економист Бедри Хамза, како и Љумир Абиџику, претседател на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Кампањата беше фокусирана на прашања како економската стабилност, борбата против корупцијата, односите со Србија и евроатлантските интеграции, но истовремено ги продлабочи и постојните поделби меѓу политичките актери и во самото општество.

Од исходот на изборите ќе зависи идниот состав на владата и политичката стабилност на Косово, но и динамиката на дијалогот со Белград, како и односите со меѓународната заедница, кои остануваат клучен фактор во косовската политичка реалност.