Skip to main content
Македонија

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

26/12/2025  14:31

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска при свеченото пуштање во употреба на новите полициски автомобили во Министерството за внатрешни работи, информираше дека екипите на Итната медицинска помош ширум земјава ќе бидат опремени со нови возила.

Според премиерот, во текот на наредните две години се очекува испорака на вкупно 150 нови амбулантни возила.

“Следната година Владата донесе одлука да обезбеди 100 возила за Итната медицинска помош, со проектна вредност од околу 7,5 милиони евра, а во 2027 година, преку донација, ќе бидат набавени дополнителни 50 возила,” рече Мицкоски.

Тој додаде дека со ова, здравствените установи ќе располагаат со приближно 150 нови автомобили за брза помош.

Претседателот на Владата истакна дека со години не се вложувало доволно во службите на Итната медицинска помош, нагласувајќи дека во моментов во Скопје функционираат само седум исправни возила, а во голем број градови во