Skip to main content
Хроника

Вооружена пресметка во Арачиново

25/12/2025  21:09

Вчера попладне, на 24 декември 2025 година, во скопското село Арачиново се случила вооружена пресметка меѓу неколку лица. Според полицијата, инцидентот се случил околу 16:21 часот, а во него биле вклучени две возила.

При пресметката, оштетено било возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б., кое случајно се нашло на местото на настанот. Полицијата продолжува со расчистување на случајот и утврдување на сите учесници.