
Екс министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, објави дека Европската комисија го потврдила прекинувањето на исплатата за ИПАРД програмата за Македонија, на неопределено време. Тој приложи и линк кој води до информацијата.
„Помина повеќе од еден месец откако понудив помош, конкретни идеи и решенија за да се избегне ова сценарио. Не слушаа, не работеа и еве ја цената. Наместо работа добивме криење, лаги и дефокус. И ете ја последицата најважната европска програма за развој на земјоделството е стопирана, а земјоделците и фирмите што со месеци чекаат инвестиции остануваат со празни раце и со единствена надеж дека ќе дојдат подобри времиња, затоа што од оваа власт очигледно нема на што да се надеваат“, објави Николоски.
ИПАРД програмата со која се доделуваа грантови за земјоделството и руралниот развој е стопирана по апсењето на директорот на Платежната земјоделска агенција.

