Skip to main content
Македонија

УХМР: Снег во идните денови

23/12/2025  17:26

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа).

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри, информираат од УХМР.

Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.