Skip to main content
Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година

23/12/2025  16:52

Од јануари 2026 година, Германија повторно воведува задолжителна воена обврска, при што сите мажи од одредена возраст ќе мора да пополнат прашалник на Бундесверот и да поминат лекарски преглед. Непочитувањето на обврската може да резултира со парична казна до 1.000 евра или принудна регрутација.

Прашалникот содржи 14 прашања со кои се проценува подготвеноста и интересот за служба, а можност за пријавување ќе имаат и жените. Министерството за одбрана потврди дека оние што нема да одговорат или ќе дадат неточни информации ќе сносат последици според закон. Од јули 2027 година, лекарскиот преглед ќе стане задолжителен за сите мажи, а непојавувањето може да доведе и до полициско приведување.

Првите прашалници ќе бидат испратени во средината на јануари, а месечно ќе бидат контактирани околу 54.000 млади лица. Министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека новиот систем има цел да го зајакне Бундесверот и да го зголеми бројот на војници на 270.000 до 2035 година.