Skip to main content
Македонија

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

23/12/2025  15:04

Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.

Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа консталација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.

Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Имаме многу висок критериум за извор на личности на сите позиции и практично се спремаме да на следните избори кога и да се случат власта ја вратиме во рацете на граѓаните.