Skip to main content
Хроника

Приведен 16-годишник, со автомобил предизвикал сообраќајка

23/12/2025  12:17

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.