
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца, и овојпат покажа дека хуманоста и грижата се во сржта на локалната самоуправа. Во духот на празничната магија и солидарноста, беше организирана посебна вечер исполнета со радост, насмевки и детска среќа, наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври”.
– Подароци за најчистите души, вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби”, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври”. Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието. По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.

Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита. Нивната радост е нашата најголема обврска. Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови, посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.
