Skip to main content
Македонија

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани

22/12/2025  16:54

Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани.

– На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 16.084 лица а 7.720 лица ја напуштиле нашата држава – соопштија од МВР.

Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.