
Дел од сточарите и земјоделците од целата држава утре ќе одржат прес-конференција пред Владата на РСМ поради сериозната состојба во македонското овчарство и неисплатените субвенции за 2024 година.
Денес сме тука затоа што македонското овчарство се наоѓа на самиот раб на опстанок. Како Сојуз на одгледувачи на овци, имаме обврска јавно да укажеме на крајната неодговорност на државните институции, која директно води кон уништување на една од најважните и стратешки земјоделски гранки во државата. – велат од Сојузот на одгледувачи на овци.
Ако барањата не бидат исполнети, од 26 декември најавуваат општи протести со блокирање на главните сообраќајници низ целата држава.
