Skip to main content
Свет

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

21/12/2025  16:59

Украинскиот претседател сака да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.

-Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.