
Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се запиша во листата на стрелци на натпреварот против Севилја, во кој „кралевите“ славеа победа од 2:0 на домашен терен во рамки на 17. коло од шпанската Примера.
Со овој погодок, Мбапе стигна до 59 гола во 2025 година во дресот на Реал Мадрид, со што го израмни рекордот што го постави Кристијано Роналдо во 2013 година. Во тековната сезона 2025/26, 27-годишниот напаѓач има учинок од 29 гола и четири асистенции на 24 настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор со мадридскиот клуб важи до 30 јуни 2029 година. Мбапе во моментов е и прв стрелец во шпанската лига со вкупно 18 постигнати гола.

