Skip to main content
Хроника

Нигериец нападнал полицаец пред диско во Градски парк, полицијата му одзела пиштол и 30 куршуми

21/12/2025  15:09

На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок”, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.