
Претседателот на Собранието Гаши, оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка.
Претседателот Гаши изрази голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Северна Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области како што се образованието, здравството, земјоделството и инфраструктурата.
За време на средбата, посебен акцент беше ставен на силното пријателство меѓу Северна Македонија и Турција, на која соработката ѝ даде нова димензија со меѓусебни посети на различни институционални нивоа.
Претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, го информираше претседателот Гаши за идните проекти и планови, а средбата заврши со заложба за продолжување на ова успешно партнерство.


