Skip to main content
Македонија

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

19/12/2025  08:33

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м. има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија.

Од АМСМ додаваат и дека денеска, со почеток во 10:00 часот, од страна на месното население на с. Двориште е најавен јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на локација позната како „Студенецо“. За време на собирот, сообраќајот на овој патен правец ќе биде целосно блокиран, поради што се известуваат возачите кои сообраќаат на релација Струмица – Берово да користат алтернативни патни правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.