Skip to main content
Македонија

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден

19/12/2025  08:08

Метео анализа на Славчо Попоски

Под влијание на стабилна но малку поладна воздушна маса од север, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде стабилно и поладно со пониски температури преку ден и претежно ќе биде тивко и без ветер. Локално ќе има позначителна облачност а во дел од котлините ќе биде магливо и со ниска облачност.

Во Скопје  и околината исто така за време на овој викенд времето ќе биде стабилно, суво и тивко со умерена облачност. Во дел од котлината ќе има појава на магла  и на ниска облачност особено во утринските  и во ноќните часови.

Што се однесува до температурите тие наутро и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата  и ќе има појава на слана  и на мраз. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Во Скопје  и околината овој викенд температурата преку ден ќе се искачува до околу 10 степени а наутро таа ќе се спушта до околу или за некој степен под нулата.