
Скопјани и утрово дишат нездрав и загаден воздух.
Според податоците на светскиот сервис IqAir индексот на квалитетот на воздух утрово во 9 часот во Скопје е 172 што според категоризацијата е „нездрав“ за дишење.
Скопје утрово е на седмото место по загаденост во светот веднаш зад Каиро, додека во Европа веќе традиционално е на второто место зад Сараево.

Екстремна загаденост бележи и новиот портал на Министерството за животна средина.
Таму може да се види дека покрај Скопје нездрав воздух утрово дишат и граѓаните на Битола, Тетово и Куманово.

