Skip to main content
Македонија

Неколку претседатели на општински ограноци на СДСМ поднесоа оставки

18/12/2025  08:55

По комплетирањето на новото раководство на партијата, неколку претседатели на Општински организации на СДСМ си поднесоа оставки.

Вчера оставка до централата на партија поднесе првиот човек на битолскиот огранок на СДСМ и кандидат за градоначалник на последните избори, Методија Куновски.

„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓаните на Битола“ објави Куновски.

Од претедател на ОО Крива Паланка се повлече и актуелниот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски.

Во оставката на Митовски адресирана до Филипче и генералниот секретат Димитријевиќ пишува дека е неотповиклива и дека водејќи се од вредностите кои СДСМ ги застапува е најкоректниот чин од него. Ова е втора оставка по изборот на новото раководство.

И општинската организација во Кавадарци остана без претседател откако таму се повлече Вуко Мелов, актуелен советник во Советот на општината, додека веднаш по завршувањето на изборите оставка си даде и претседателот на СДСМ Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.