Skip to main content
Скопје

„Зимзоленд“ продолжува со работа до 5 јануари

18/12/2025  08:25

Новогодишниот базар „Зимозоленд“ стациониран во населбата Лисиче продолжува со работа за време на новогодишните празници.

Од организаторите велат дека ги имаат сите потребни дозволи и договори што гарантираат безбедност на сите посетители и дека во меѓувреме направени се неколку контроли од надлежните институции.

Според договоорт, „Зимзоленд“ ќе биде во функција до петти јануари 2026 година.

На локацијата на базарот поставени се бројни реквизити за забава, куќички со храна и топли пијалоци како и кулурно уметничка програма.