
Сите од Западен Балкан треба заедно да бидеме во ЕУ“ вели министерот Тимчо Муцински од ДПМНЕ.
Ова е copy-paste идентична изјава како онаа на Вучиќ: „Мојата желба е сите заедно да влеземе во ЕУ“
Тактиката на Вучиќ е добро позната: „раздели го народот, па владеј“. И сега целиот свет гледа до каде стигна Србија со таквите политики.
Кушнер се повлече од милиониски проект. Потоа Марта Кос ѝ удри дипломатска шлаканица на Србија. Поради врските со Русија, Србија останува без нафта и гас.
Се најавуваат секундарни санкции кои би го запреле работењето на Народната банка на Србија, а со тоа и на сите банки што работат во земјата.
Целта е јасна: изолација на Србија, претворање во црна точка во Европа.
ДПМНЕ ја игра истата опасна игра со мигрантите во Македонија.
Ако влезат мигранти во Македонија европскиот пат завршува.
Изолацијата е стратегија. Без ЕУ, без европски контроли и без европско правосудство – полесно се краде и нема одговорност за никој.
Македонија сакаат да ја претворат во црна точка на Европа.
Затоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара Македонија да остане изолирана.
Парите што ќе ги земат нема да одат кај граѓаните, тоа сите го знаат, преку системот за кражба на пари со наместени тендери ќе завршат во белата палата.
Се зборува за 6 милијарди евра – за џебовите на Мицкоски и ДПМНЕ-ЗНАМ.
Затоа заедно учествуваат во предавството.
За пари. Пари од граѓаните.
Сакаат од Македонија да направат Белорусија – целосно изолирана држава, без европски надзор и без контрола од Лаура Ковеши.
Само на тој начин можат да се спасат себеси од одговорност и од затвор, порачаа од СДСМ.

