Skip to main content
Македонија

Македонија и Бугарија потпишаа меморандум за електронска размена на царински податоци

17/12/2025  15:59

Директорите на Царинската управа на Македонија и Националната царинска агенција на Бугарија, Бобан Николовски и Георги Димов, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање за електронска размена на царински податоци.

Настанот се одржа во присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, а како што информираат од Царинската управа, договорот има за цел забрзување на легалната трговија и спречување на царински измами, со што ќе се зајакне конкурентноста на македонската економија на пазарот на Европската Унија. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека меморандумот е значаен чекор кон побрза европска интеграција на државата.

„На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан“, истакнал Николовски од Брисел.

На потпишувањето присуствувале и директорите на царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и претставници на ЦЕФТА и Транспортната заедница.