Skip to main content
Спорт

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

17/12/2025  15:36

Кристијано Роналдо не учествуваше во гласањето за најдобар фудбалер на сезоната во изборот на ФИФА. Како капитени на националните репрезентации, фудбалерите гласаат за најдобрите играчи, но Роналдо, иако капитен на Португалија, не го искористи своето право на глас.

Наместо него, Португалија ја претставуваше Бернардо Силва од Манчестер сити. Силва го стави играчот од ПСЖ, Витињо, на второто место, Нуно Мендеш на третото, додека победник на изборот беше напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле. Церемонијата за доделување на наградите на ФИФА се одржа на 16 декември во Доха.