Skip to main content
Култура

Откажан годишниот концерт на „Танец“ по загубата на Симеон Чулев

17/12/2025  12:25

Со длабока тага и неверување, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нашиот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.

Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаме дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури.

Информации за рефундирање на билетите:

  • Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите.
  • За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.

НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“