Skip to main content
Македонија

Од Католички Божиќ и за нова година надоаѓање на вистинската зима

17/12/2025  09:16

Метео анализа на Славчо Попоски:

Конечно од Католички Божиќ 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот  и на многу ладното време во Европа, Балканот  и во Македонија.

Според она што можам во моментов да го кажам зимско и многу ладно време ќе имаме и за нова година.