Skip to main content
Хроника

Турист од Турција нападнал вработен во скопски хотел

16/12/2025  15:13

На 15.12.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, И.В.(45) од с.Идризово, скопско, пријави дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч.(40) од Р.Турција, гостин во хотелот.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.