Skip to main content
Свет

Зеленски: Има напредок во разговорите со САД

15/12/2025  21:12

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека гледа напредок по разговорите со американските претставници за мировен план за Украина, но нагласи дека остануваат сериозни отворени прашања. На прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин, Зеленски истакна дека Украина јасно ја пренела својата позиција, и покрај тоа што Москва бара територијални отстапки.

– Украина се слуша, порача тој. Зеленски негираше дека САД вршат притисок за откажување од територии, наведувајќи дека американската страна само ги пренела ставовите на Москва и сега ќе го претстави украинскиот став. Тој додаде дека постојат најави за можни безбедносни гаранции слични на Членот 5 од НАТО, но клучно прашање останува начинот на следење на евентуален прекин на огнот. Москва, пак, одбива примирје без сеопфатен мировен договор.