Skip to main content
Балкан

„Можеме!“ бара вонредна седница поради фемициди во Хрватска

15/12/2025  20:24

Пратениците од левичарската опозициска партија „Можеме!“ собираат потписи за вонредна седница на хрватскиот Парламент поради растечкиот број на фемициди. Во последните две недели беа убиени четири жени, а од почетокот на годината 19 жени, од кои 15 се сметаат за фемициди.

Ивана Кекин изјави дека случајот укажува на системски институционален неуспех и повика на парламентарна дебата со премиерот и министрите. Марија Лугариќ нагласи дека проблемот е во примената на законот, а не во неговиот недостиг. Драженка Полович го поврза насилството со патријархалните ставови во општеството.