Skip to main content
Свет

Лувр затворен поради штрајк на вработените

15/12/2025  20:19

Музејот Лувр денес беше затворен поради штрајк на невработените. Тие се незадоволни од лошите услови за работа, недостигот од персонал и се загришени за безбедноста.Ова е уште еден удар за парискиот културен симбол, само неколку недели по спектакуларната кражба на накит во вредност од 88 милиони евра.

Синдикатот CFDT соопшти дека одлуката за штрајк била донесена едногласно на состанок со околу 400 вработени, одржан во понеделникот наутро. Штрајкувачите со знамиња, транспаренти и плакати го блокираа влезот кај познатата стаклена пирамида на музејот.

На официјалната веб-страница на Лувр беше објавено известување дека музејот е „исклучително затворен“ за денот, а на посетителите им беше најавено враќање на парите за купените билети. Сè уште не е јасно дали прекинот на работата ќе трае подолго од еден ден.