
Денеска, во село Кучевиште, избувна пожар во кој беше опожарена фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ. Огнената стихија го уништи домот, оставајќи ги членовите на семејството без кров над глава.
Граѓаните апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат на настраданите, истакнувајќи дека секоја форма на помош, материјална или финансиска, е добредојдена, особено во овие студени денови.
Контакт за поддршка: Раде – 075 330 478.
Апелот има за цел да се обезбеди брза помош за семејството, за да добие привремен покрив над глава и да ја преброди тешката ситуација.
