Skip to main content
Скопје

Светна новогодишната елка на Плоштад Македонија (ВИДЕО)

15/12/2025  20:01

Денес со почеток од 18 часот и со специјална програма, песна и музика, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, официјално ја уклучи новогодишната елка на Плоштад Македонија.

Специјално за настанот дојдоа голем број на граѓани, со цел да видат како оваа година ќе изгледа новогодишната елка во Скопје.

Поголемиот дел од градот веќе светна во новогодишно руво, а секако највозбудени се најмалите, односно децата.

Видеото од елката погледнете го на нашиот Инстаграм профил со клик ТУКА.