Skip to main content
Скопје

Дел од општина Центар утре ќе нема вода

15/12/2025  17:08

ЈП „Водовод и канализација“ најави дека утре, 16 декември 2025 година, ќе има привремен прекин во снабдувањето со вода на дел од булеварот „Св. Климент Охридски“, поради дефект на водоводната мрежа кај Соборниот храм. Водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до паркингот ЈАТ.

Од претпријатието информираат дека интервенцијата ќе започне во 08:30 часот, а водата ќе биде пуштена по завршување на санацијата. Прекинот се однесува на подрачјето на Општина Центар.